Утрински Весник
Здрав Живот

Зелен чај неоспорен мелем за чувствителна кожа

Zelen Caj

Зелениот чај е неоспорен за здравјето, но е и одличен производ за нега на кожата. Доколку до сега не сте знаеле, овој напиток ќе ви помогне да го зачувате сјајот и свежината на вашето лице. Тајната е во тоа што овој напиток со горчлив вкус има флавоноиди, кои се дури десет пати посилен антиоксиданс од витаминот Е.

Ја помага циркулацијата
Помага во борбата против штетното дејство на УВ зраците, придонесува за подобро искористување на состојките од кремите со заштитен фактор и е ефикасен во лекувањето на кожата од изгореници. Зелениот чај ја ублажува иритацијата и црвенилото, па затоа особено се препорачува за чувствителна кожа. Со оглед на тоа дека зелениот чај содржи кофеин, ја поттикнува циркулацијата и исфрлањето на вишокот течности од телото, па е одличен во борбата против целулитот.

Медицински тоник
Можете да го користите зелениот чај за да направите тоник погоден за секој тип на кожа. Нанесете го наутро и навечер, а по третманот нанесете хидратантна крема. За да го подготвите тоникот, потребни ви се суви лисја од органски зелен чај. Истурете голема лажица чај во два децилитри топла, но не зовриена вода и оставете да се свари пет минути. Процедете, изладете и истурете во пластично или стаклено шише со спреј за полесно да го нанесете тоникот на вашата кожа.

 

Можете да прочитате

Газирана вода го намалува апетитот

Ljuljeta

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

Ljuljeta

Јадете овој вид на протеини за да живеете подолго

Jana