Утрински Весник
Македонија

Зел рент а кар возило и не го вратил, кривична пријава за стружанец

Avtomobili.webp.webp

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”. Тој, делото го сторил на 28.12.2025 година кога од Е.Џ. од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил.

Со тоа, пријавениот го оштетил Е.Џ. за сума од 240000 денари.

Можете да прочитате

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка

Мицкоски дел од Самитот на ЕПП: Европа пред економски и безбедносни предизвици