Во врска со последните дезинформации што кружат во медиумите, сакам да нагласам дека министерот Николовски не изјавил дека проектот за автопатот Скопје-Блаце нема да заврши. Вистината е дека првиот сегмент од 2 километри веќе е завршен и се очекува да биде отворен за сообраќај во следните два месеца.
За останатиот дел од автопатот, разгледуваме можност за повторен проект за да обезбедиме поодговарачко и поодржливо решение.
Овој повторен проект е неопходен поради погрешниот и нелогичен избор на траси од претходните раководители на Јавниот Патишта, кои избрале планински терен кој е тежок и скап за изградба, БЕЗ ЈАСНИ ПРИЧИНИ.
Од 12-те километри планирани, 6 километри се предвидени да бидат тунели, што го прави овој проект изразито СКАП без јасни причини со проценета цена од околу 240 МИЛИОНИ ЕВРА за преостанатите 12 километри, односно околу 20 МИЛИОНИ ЕВРА по километар, што го прави овој проект еден од најскапите проекти по километар во регионот.
Во моментов, како министерство, разгледуваме можности за алтернативна траса, која ќе поминува покрај постојната патека. Ова решение ќе обезбеди полесен пристап за граѓаните и поволна цена на изградба, во согласност со нормалните стандарди на изградба на патишта.
Нашата цел е да го завршиме овој проект на ефикасен и ЕКОНОМСКИ ПРИЈАТЕЛСКИ начин, обезбедувајќи дека автопатот Скопје-Блаце ќе биде современ и функционален пат, кој ги исполнува потребите на граѓаните и придонесува за развојот на регионот.
Ги покануваме граѓаните и медиумите да се потпрат на точни и верификувани информации од Министерството за транспорт за сите понатамошни развои на овој важен проект.