Утрински Весник
Македонија

Зечевиќ во Тетово: Солидарноста и државотворноста се постулатите на СДСМ

Зечевиќ во Тетово: Солидарноста и државотворноста се постулатите на СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска ги продолжува теренските активности и посети на градовите и општинските организации на партијата ширум земјава. Зечевиќ попладнево одржа работен состанок со членовите на општинската организација на СДСМ во Тетово, каде со присутните разговараше и за повеќе актуелни теми.

dobivaj vesti na viber

Зечевиќ порача дека државотворноста и солидарноста се постулати на СДСМ, а европските вредности, визијата и државничките одлуки се одликата на четирите букви на партијата. Да се биде дел од СДСМ, додаде Зечевиќ, значи да се биде на вистинската страна, да се носат државнички одлуки и политики.

-Државотворноста и солидарноста се наши постулати. Со гордост може да кажеме дека 31 години СДСМ е на вистинската страна на историјата и на македонската држава. Затоа придонесот на секој поединец од партијата го вреднуваме, затоа што секој член на СДСМ е вграден во тие процеси кои се државнички, рече Зечевиќ.

Како партија која почитува на вредностите на НОБ и антифашизмот, наша следна цел, следна политичка борба, на оваа генерaција македонски политичари е полноправно членство во ЕУ. Како Македонци, со заштитен македонски јазик и идентитет. Тоа е концетот за Европска Македонија кој денеска е современ, вистински патриотизам, додаде Зечевиќ.

Генералниот секретар на СДСМ потенцираше дека СДСМ е консолидирана и повторно на победничките патеки.

– СДСМ е повторно на победничките патеки и целосно консолидирана. Резултатите од вонредените локални избори го потврдија тоа. Убедливо победивме во Маврово и Ростуше и Центар Жупа а овде во Тетово ја намаливме разликата со ВМРО-ДПМНЕ додека соодносот на советници го задржавме. Победата на овие вонредени избори, според бројот на освоени гласови во сите три места каде што се случија испраќа порака дека кај граѓаните е јасно издиференцирана потребата да се отрфлат блокади и деструкции и да се поддржат државнички политики, рече Зечевиќ.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со соопштението „Мицкоски најавува избори“, покажува дека се плаши од соочување со народот

Кривична за директорка на средно училиште во Делчево, доставила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија

Корупцијата на власта оди до Брисел, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија