Утрински Весник
Македонија

Зеќирија Ибраими се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал

Image00003 3.jpeg

Интегрален текст од соопштение на политичката партија Алтернатива:

Денес, претседателот на Алтернатива, г. Зекирија Ибраими, во централното седиште на партијата го прими шефот на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, амбасадорот Килијан Вал. На средбата беа дискутирани важни политички прашања, вклучувајќи го процесот на евроинтеграции како основен столб на учеството на Алтернатива во Владата, судските реформи и улогата на Алтернатива во рамките на коалицијата ВЛЕН.

Г. Ибраими ја истакна важноста на учеството на Алтернатива во Владата во рамките на коалицијата ВЛЕН, нагласувајќи дека оваа соработка има за цел да ги унапреди интересите на албанските граѓани и сите други заедници, преку праведно и инклузивно управување.

Исто така, беше разгледана и одлуката на Уставниот суд во врска со балансерот, која беше оценета како погрешна поради недостаток на нов механизам за нејзина замена, како и законот за соодветна застапеност на албанците во државните институции.

Г. Ибраими ја нагласи потребата од правична застапеност и реформите кои ќе обезбедат поцврст и поинклузивен правосуден систем. Амбасадорот Вал ја потврди поддршката на ОБСЕ за демократските реформи и интегративните процеси на државата.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара