Утрински Весник
Македонија

Здружението на историчари бара мораториум на Концепцијата за основно образование и организирање на широка јавна дебата

МОН: Оваа и следната недела печатење и испорака на најголем дел од новите учебници

Здружениетo на историчари повторно реагира на како што велат, избрзано донесената Концепција за основно образование, за што досега многупати предупредиле дека ќе има негативни импликации. Тие бараат мораторуим од Министерството за образование и наука да стави мораториум на Концепцијата и под итно да организира широка јавна дебата, која ќе биде заснована на сеопфатна анализа која ќе ги артикулира и досегашните негативни импликации од нејзиното воведување, како и ставовите на научната и академската заедница.

dobivaj vesti na viber

„Во меѓувреме, додека не се подготви и усвои нова Концепција, бараме да се продолжи со досегашните наставни програми. На тој начин ќе се спречат идните штетни последици за учениците, наставниците, како и за севкупниот македонски образовен систем и за граѓаните и државата во целина.

Усвојувањето на новата Концепција, ќе мора да го одразува научниот, академски и општествен консензус. Само на овој начин, ќе може да се промовира квалитетот во македонското образование, од што ќе произлезат наставни програми и учебници кои ќе бидат на потребното научно и академско ниво, во интерес на учениците, родителите, граѓаните и на државата, а не подредени на задоволување на моменталните политички цели“ велат историчарите.

Тие додаваат дека на 22 декември 2022 година до Министерството за образование и наука поднеле барање за повлекување на учебникот по новововедениот предмет „Историја и општество“ за V одделение, поткрепувајќи го со критичка анализа на 30 страници, во која биле нотирани 60 сериозни пропусти и грешки во концепциска, содржинска и методолошка смисла, пришто предупредиле дека истите ќе создадат кај учениците погрешни претстави не само за минатото, туку и за сегашноста.

„Во оваа прилика јавно прашуваме дали овој учебник е повлечен од употреба, со оглед дека посочените пропусти ги надминуваат законски предвидените 30%! Воедно изразивме цврста увереност дека погрешната концепциско-содржинска поставеност на учебникот е директен резултат на Концепцијата за основно образование, поради што побаравме од Министерството да иницира јавна дебата за подготовка на нова Концепција, за да не се повторуваат во иднина ваквите недозволиви пропусти.

Цврсто опстојуваме на ставот дека Историјата мора да остане посебен предмет и воедно ги поддржуваме колегите кои сметат дека предметите Географија, Граѓанско образование, Биологија, Хемија, Физика треба да се изучуваат посебно“ заклучуваат од Здружението на историчари.

Можете да прочитате

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете

Утре Ден на жалост на територијата на Општина Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј