Утрински Весник
Македонија

Здравствени екипи ќе вршат прегледи за жителите на Трубарево

6161b777 4509 43a7 a950 007e43a59e0e.jpeg

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија, од среда започнува дводневен скрининг на населението во Трубарево, кој ќе се одржи на 24 и 25 септември.

„Ги повикуваме жителите од Трубарево и околните населени места да се вклучат во скринингот. Прегледите се наменети за сите заинтересирани граѓани, особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми кои укажуваат на заболувања на дишните патишта,“ изјави министерот за здравство Азир Алиу.


Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиниката за пулмологија со амбулантни возила, а ќе опфати комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни анализи.

„Нашата цел е да обезбедиме врвна здравствена грижа за сите граѓани. Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие ќе бидат извршени или пациентите ќе бидат упатени на Клиниката за пулмологија,“ истакна директорот на Клиниката.

Со овие превентивни активности се унапредува здравјето на населението, а посебно внимание се посветува на жителите од Трубарево, каде неодамна се случи пожар во фабрика за електронски отпад.

Можете да прочитате

Протест во четврток – блокада кај „Жена борец“ против институционална игноранција

Од петок поригорозни казни: 40 евра за поминување пешачки со телефон во рака или слушалки

Николоски: Бележиме раст од 6,1 процент во транспортниот сектор