Утрински Весник
Свет

Зборот хомосексуалност е забранет во Ирак, воведена е фразата „сексуална девијација“

Зборот хомосексуалност е забранет во Ирак, воведена е фразата „сексуална девијација“

Официјалниот медиумски регулатор во Ирак вчера им нареди на сите медиуми и социјални мрежи, кои работат во оваа арапска земја, да не го користат терминот хомосексуалност, туку, наместо тоа, да ја користат фразата сексуална девијација.

dobivaj vesti na viber

Ирачката комисија за комуникации и медиуми (ЦМЦ) исто така објави дека е забранета употребата на терминот род, пренесува „Ројтерс“.

„Регулаторот им наредува на медиумските организации да не го користат терминот хомосексуалност и наместо тоа, да го користат точниот термин сексуална девијација“, се вели во официјалната изјава објавена на арапски.

Портпаролот на ирачката влада изјави дека сѐ уште не е одредена казна за прекршување на новото правило, но не ја исклучи можноста за глоба.

 

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина