
Kон крајот на месецов ќе имаме премин од зимско кон летно сметање на времето во Македонија и европските земји. Промената ќе се случи во последната недела од март, кога стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред.
Официјалното преминување на летното време е на 29 март. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот.
Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад.

