Утрински Весник
Скопје

Завршува грејната сезона, стартува преоден период до 30 април

Parno.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија.

Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) информираа дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона завршува денеска (15 април 2025 година) и стартува т.н. преоден период кој трае до 30 април.


-Од утре па се до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени Целзиусови,  велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Можете да прочитате

СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба

(Видео) Граѓаните го „окупираа“ Водно во потрага по чист воздух

Го поминвме и Сараево – Скопје утрово назагаден град во Европа