Утрински Весник
Скопје

Заврши санацијата, водата ќе се врати за најмногу три часа

Screenshot 20241221 145239 Gallery.jpg

Заврши санацијата и реконструкцијата на скопскиот водовод. Нормализацијата ќе трае во следните три часа. Така вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која одржа прес-конференција на улицата „Никола Парапунов“, местото каде што минатата недела настана основниот дефект кој доведе до денешната интервенција.

„Отпочнувајќи од два часа наутро, кога практично отпочна престанокот на вода од магистралниот цевковод, до пред неколку часа е целосно санирано успешно и стручно од страна на службите на Јавното претпријатие и веќе е отпочнато со пуштање на водата, полека, за притисокот којшто во овој момент се креира, практично, не би предизвикал некакво оштетување на нашата мрежа“ ја пренесе МИА изјавата на Данела Арсовска.


Како што претходно соопштија и од јавното прептријатие, во акцијата учествуваа околу 160 лица технички персонал на ЈП „Водовод и канализација“.

„Би сакала да им се заблагодарам на техничките и стручните лица од ЈП „Водовод и канализација“ за храброста што ја имаа и што ја истакнаа својата експертиза и стручност за овој повеќедецениски проблем кој го завршија во рекордно време, рече Арсовска“, ја пренесе МИА изјавата на Данела Арсовска.

Санацијата, додаде Арсовска, опфаќала вадење на елементи од самите затворачи и носење на истите во Јавното претпријатие, каде што на соодветна апаратура биле креирани нови кои што ги замениле старите.

„Она кое што ЈП го имаше пуштено преку соопштение беше оптималното сценарио од 15 часа, како граѓаните би знаеле кој е рокот, во којшто доколку се оди според предвиденото би успеале да се вратат магистралниот цевовод и она водоснабдување кое што нашите сограѓани го имаат во нормала. Нормално, нашите експерти луѓето како помошно-технички и машинските инженери, водоводџиите кои работеа на овој проект успеаја навистина во најкраток можен рок да го завршат истото, затоа што оваа операција опфаќаше не само во моментот работа на терен, туку и вадење на оние елементи од самите затворачи, носење на истите во Јавното претпријатие, каде што на соодветна апаратура беа креирани практично нови, со кои што беа заменени старите и оваа модернизација е нешто што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје“, ја пренесеа МИА изјавата на Арсовска.

Покрај реконструкцијата со која се подобрува водоводниот систем, рече, важно е да се напомене дека се намалуваат загубите на вода за кои што две децении било алармирано.

„Многу ми е жал за паниката што се креираше во јавноста, вообичаено тоа знаете дека е од политички причини. Се надевам дека граѓаните не потпаднаа под влијание на она кое што можевте да го чуете. Она што е исклучително важно е дека не само што се модернизира и подобрува системот, се намалуваат загубите на вода кои што две децении е алармирано од целокупната јавност дека од прилика 60 отсто на територијата на водоводот на градот Скопје и дополнително се предизвикува со оваа санација, модернизација и репарација, подобрување на водоснабдувањето и зголемување на притисок за жителите на општината Карпош и општината Ѓорче Петров“, пренесе МИА дека изјавила Арсовска.

Можете да прочитате

ИЈЗ: Еден час откако ќе се добие вода да не се пие

Во завршна фаза се активностите – скопјани наскоро ќе добијат вода

Поголем дел од Скопје без вода, санацијата треба да заврши за најмногу 15 часа