Утрински Весник
Македонија

Заврши приказната „Никогаш Северна“ – 24info.mk

Hristi An Mickoski 1.jpg

Со 77 гласа За, вчера во Собранието беше избрана новата Влада предводена од Христијан Мицкоски кој стана десеттиот премиер на државата.

Како што претходно најави, Мицкоски при давањето свечена изјава го кажа уставното име на државата, односно не ја направи „грешката“ на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова која со својата свечена изјава предизвика бура во односите со Грција, но и со партнерите, САД и ЕУ.

Со вчерашната изјава, Мицкоски стави крај на приказната „Никогаш Северна“ која започна уште по референдумот и уставните измени со кои се промени името на државата.

„Нема да ја користам придавката на новото уставно име на Македонија, па ако сакаат и нека ми го одземат мандатот“, рече Мицкоски во интервју на една телевизија во 2019 година.

„Борбата“ против новото уставно име на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува се до кампањата за последните претседателски и парламентарни избори.

Но откако изборите завршија и Мицкоски доби огромна добивка, тој почна да се соочува со политичката реалност во однос на уставното име и меѓународните договори.

„Не можеме да се правиме наудрени дека уставното име не е дел од правниот систем“, ќе рече Мицкоски пред некој ден со што директно погази едно од клучното ветување дадено пред изборите (често пати кажано и во завиена форма) а тоа е дека ќе се ревидира Договорот од Преспа.

Ќе се смени ли плочата и во однос на уставните измени?

Второ клучно ветување на Мицкоски пред изборите беше дека „уставни измени под бугарски диктат нема да има“ и дека одново ќе се договара Преговарачката рамка со ЕУ, иако плејада високи европски претставници во бројни наврати кажаа дека тоа не е возможно.

„Уште еднаш да ви појаснам дека ваков бугарски диктат под вакви околности додека сум јас премиер нема да помине и нема да има уставни измени треба тоа да ви е јасно“, ќе рече Мицкоски во своето обраќање пред пратениците пред избор на новата Влада.

Но, Мицкоски во Владата и како парламентарно мнозинство влегува со партијата ЗНАМ и партиите од коалицијата ВРЕДИ.

Токму овие вторите и пред и по изборите јасно кажаа дека Македонија мора да ги продолжи интеграциите кон ЕУ, а услов за тоа секако се измени на Уставот и внесување на Бугарите, на што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се силно против и на тема на која де факто ги добија изборите.

По првите 100 дена, таканаречен меден месец од мандатот, новата Влада предводена од Мицкоски ќе мора да се зафати со решавање на крупните прашања, а можеби најкрупното е прашањето за нашата евроинтеграции.

Како и употребата на уставното име, и уставните измени не се нешто што може да се стави под тепих, па затоа новата Влада ќе има обврска да се зафати со ова прашање.

За сега, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ имаат речиси целосно различни ставови во однос на уставните измени, па оттаму ќе биде интересно да се види што и како ќе излезе како одлука за потребните уставни измени.

Дали Мицкоски ќе ја смени плочата за внесувањето на Бугарите во Уставот или децидно ќе остане на сегашните ставови и да ризикува ВРЕДИ да ја напушти коалицијата по одреден временски период, ќе покаже времето, но и однсот кон Македонија од новите институции на ЕУ.

Можете да прочитате

Деспотовски: Бранот на промени е тргнат и нема запирање на 30 јуни

Бугарка приложила фалсификувана лична карта во скопска банка

Одбележана 103-годишнината од смртта на Ѓорче Петров во скопската општина која го носи неговото име