Утрински Весник
Македонија

Заврши Генералното собрание на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт: донесени се повеќе одлуки

Kostadinovski bukuresht45.jpg

Со одржувањето на работилница на темата „Уставна контрола на уставните измени“ завршија работните сесии од 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт, по што се одржа Генералното собрание на ACCF.

На Генералното собрание, новото претседателство на Уставниот суд на Романија ја презентираше Програмата за следните три години (2025-2028). Темата „уставна демократија“ ќе биде во фокусот на новото раководство. Избрано е новото Биро на ACCF, усвоени се измени на Статутот и Внатрешните правила на Асоцијацијата и усвоен е Етичкиот кодекс за уставните судии.


Со мнозинство гласови од присутните претставници, Генералното собрание ја усвои апликацијата на Уставниот суд на Косово за зачленување во Асоцијацијата на франкофонските уставни судови.

Делегацијата на Уставниот суд на Република Македонија, кој е член на ACCF, беше предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски. Тој како еден од говорниците на работните сесии, своето обраќање го посвети на темата „жив конституционализам“.

Можете да прочитате

Родителите на починатите деца во пожарот во Пулс: Ова е масовно убиство, бараме независна и темелна истрага

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“