Утрински Весник
Македонија

Заврши „Енерго-Технома 2025“ – иновации, соработка и практични решенија на едно место

Screenshot 20251031 145029 gallery.jpg

Со голем интерес и позитивни впечатоци од учесниците и посетителите, вчера заврши четиридневната манифестација „Енерго-Технома 2025“, која оваа година се одржа под мотото „Вклучи одржливи навики“. Настанот, чиј покровител беше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, понуди богата и динамична програма во која се вкрстија иновациите, стручноста и визиите за енергетска иднина изградена врз одржливи принципи.

Претставени беа најсовремените решенија од областа на енергетиката и технологијата, а компаниите, институциите и експертите создадоа средина за нови деловни и професионални можности.


Посебен белег на овогодишното издание остави вклучувањето на иновативни проекти и идеи од студентите и младите професионалци, кои преку своите решенија воспоставија контакти со компании и создадоа можности за практична работа и потенцијални вработувања.
Организаторите од „Скопски саем“ изразуваат задоволство од големиот одзив и успешните партнерства што произлегоа од ова издание, истакнувајќи ја важноста од континуирано организирање на настани кои ги поврзуваат индустријата, науката и иновативниот сектор.

Со спуштањето на завесата, „Енерго-Технома 2025“ испрати јасна порака за значењето на иновациите, одржливите решенија и соработката во соодветните сектори. Настанот покажа дека практичната примена на знаењето и размената на идеи помеѓу компаниите, експертите и јавноста носи конкретни резултати и отвора пат за нови проекти кои ќе го поттикнуваат развојот на енергетската трансформација и технолошкиот напредок во земјата и регионот.

Можете да прочитате

Син ја претепал мајка си во Скопје – заврши со тешки повреди во болница

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара 

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор