Утрински Весник
Македонија

Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки, најави Пандов

Zatvor 880x600 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нема поопасна работа затвореник да има мобилен а затворски полицајци со валкани значки да се најдат зад решетки. Ова го најави директорот на Управата за извршување санкции откако вчера интервентната полиција во затворот Шутка повторно пронашла над 30 тина телефони кај затвореници. Претходно, 70 мобилни беа најдени при вонредните претреси во пртворскиот дел откако 20 годишниот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина на пешачки беше сликан со телефон а два дена подоцна уште 35 телефони во други ќелии.

– Во оваа борба против затворски полицајци со валкани значки нема да попуштам. Треба да им биде јасно на сите до еден, ќе бидат фатени и избркани од работа и ќе се заложам со цел мој авторитет и во обвинителството и во судството да се најдат зад решетки бидејќи си играат со многу опасна работа, вели Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции.


Пандов вели дека има лица кои никако не треба да носат униформа на затворска полиција и се срам за затворскиот систем. За двајцата затворски службеници кои помогнале криумцарење на мобилен телефон за Васил Јованов била завршена дисциплинската постапка а дали и уште за колку други ќе има санкции засега не се знае. Додека се справува со нелегалните активности на затворксата полиција, затворениците, пак, ќе имаат здравствено осигурување уште веднаш кога ќе влезат во некој од затворите.

– Во основа ја дигитализиравме постапката и вработени во затворите нема да одат на шалтери во подрачните единици да прават пријава за најава-одјава а Управата ќе има увид за колку затвореници ќе треба да платат здравствено осигурување, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.

Фондот за здравствено осигурување и Управата за извршување на санкции ќе решаваат и како да има повеќе медицински персонал во затворите.

Можете да прочитате

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија – Семејството бара помош

Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата

Мицкоски: Задоволни сме од тоа што се постигна со „Сејф Сити“