
Поради разгорување на пожарите, од 17 часот затворена е за сообраќај скопската обиколница од клучка Арачиново до клучка Приштина, информира АМСМ.
МВР претходно соопшти дека целосно е прекинат и сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правца, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи, како што нагласуваат оттаму, во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
Апелираат граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.