Утрински Весник
Свет

Затворена плажа во Турција: пронајдени неексплодирани мини

Затворена плажа во Турција: пронајдени  неексплодирани мини

Плажата Софулар во црноморското одморалиште Шиле, недалеку од Истанбул, е затворена откако денеска беа пронајдени 28 неексплодирани мини, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

Надлежните изјавија дека мините ги пронашле нуркачи, а осум од нив се извлечени на брегот за да бидат уништени, објави турскиот телевизиски канал НТВ.

Најавено е дека мините ќе бидат неутрализирани на 2 август.

Нуркачите продолжуваат да го пребаруваат морското дно недалеку од плажата.

Полициски извор потврдил за РИА Новости дека плажата Софулар е затворена.

Можете да прочитате

Германскиот парламент одобри побрза набавка на оружје

Фон дер Лајен: ЕУ работи на нови санкции против иранските лидери

Русија протера британски дипломат поради шпионажа