Утрински Весник
Спорт

Засилувања од Панама и од Костарика дојдоа во Брегалница

Засилувања од Панама и од Костарика дојдоа во Брегалница
Dik 300x250 mk

Одбранбениот фудбалер Џамал Дикенс од Панама и интернационалецот од Костарика, Фабрицио Де Јесус Венегас се новите засилувања за македонскиот прволигаш Брегалница, објави клубот.

dobivaj vesti na viber

21-годишниот Дикенс е централен дефанзивец, кој може да игра и на левата странична позиција, а во Брегалница доаѓа од редовите на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика.

Дикенс претходно настапувал и во клубови во Панама.

24-годишниот Фабрицио Де Јесус Венегас ќе го засили офанзивниот среден ред и нападот на тимот и доаѓа од екипата на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика. Претходно во својата кариера има настапувано и за Санта Ана, исто така во костариканското првенство.

Пред Дикенс и Ванегас, Брегалница се засили и со голманот Мартин Давков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

 

Можете да прочитате

Триумф на Ландо Норис на ГН за Бразил

Вардар перфектен, прв пораз за Алкалоид

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион