Утрински Весник
Скопје

Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност

1 1.jpg

Синоќа (11.07.2024) полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата.

Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу ул „Народен Фронт” и ул „Васил Ѓорѓов” пекара Силбо, Порта Македонија итн.

Покрај тоа беа спроведени и сообраќајни контроли при што беа преземени 25 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила долж ул. „Народен Фронт”, ул. „Орце Николов” и ул. „Боемска”, подигнати биле шест возила со специјално возило „пајак” и легитимирани биле 24 лица.

Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.

Можете да прочитате

Центар со највисока кирија за стан од 3.740 евра

ЈСП Скопје воведе онлајн надополнување на картичките „Скопска“

Општината демантира дека ќе се гради „Карпош на вода“