Утрински Весник
Магазин

Заштитете се од сонцето, предупреди Хју Џекмен по двете биопсии за потенцијален рак на кожата

Заштитете се од сонцето, предупреди Хју Џекмен по двете биопсии за потенцијален рак на кожата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хју Џекмен откри дека повторно правел тестови за рак на кожата по неодамнешен преглед на лекар, пренесува Ен-би-си.

dobivaj vesti na viber

Австралискиот актер се огласи на „Инстаграм“ и зборуваше за својата здравствена состојба, предупредувајќи ги своите следачи да одат на редовни контроли и да ја заштитат кожата од штетното влијание на сонцето.

„Здраво народе. Сакав да го слушнете ова од мене. Само што ми беа направени две биопсии. Резултатите ги очекувам во следните неколку дена. Само да ве потсетам, карциномот на базалните клетки е најмалку опасен, но се надевам дека ова ќе ве поттикне да се заштитите од сонцето“, раскажува 54-годишникот во видеото што го сподели на „Инстаграм“.

На австралискиот актер првпат му беше дијагностициран рак на кожата во 2013 година, кога шминкерот на снимањето на „Икс мен“ го предупреди за згрутчување на носот, а неговата сопруга го убеди да оди на лекар. Оттогаш, лекарите го отстрануваа шест пати.

Карцином на базалните клетки, познат како BCC, е вид на рак на кожата за кој се верува дека е предизвикан од прекумерна изложеност на ултравиолетовите зраци од сонцето и солариумите. Тоа е најчестиот рак на кожата и е дијагностициран во три милиони случаи во САД.

Можете да прочитате

Три чаеви кои ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден

Детето не треба да биде „малиот терапевт“ за родителот

Салеп – топол напиток – 24info.mk