
На фејсбук денеска анонимни кои се потпишани само како група вработени во СВР Струмца објавуваат дека на 2 ри овој месец куварот во ресторанот Шалом во Струмица кој е во сопственост на баџанакот на Премиерот Мицковски возел под дејство на алкохол. Сообраќајната полиција според напишаното утврдила 1,19 промили алкохол и побарал од газдата Дано да интервенира кај началникот на СВР Струмица да интервенира. Анонимните вработени тврдат дека куварот сакал да ги прегази полицајците оти бил нервозен а на лице место дошле Дано и началникот кој ги строел и наводно им се дерел на полицајците. Епилогот од оваа случка за која либертас не успеа да добие потврда од МВР според писмото на анонимните вработени е казна на сообраќајците кои го сопреле куварот кој бил под дејство на алкохол сепак е само со казна за полицајците кои наводно од сообраќајци се прерасподелени за чувари на како што напишале куќата на екс функционер.
Во продолжение интегрално писмото на „група вработени од СВР Струмица“
Настанот се случил на ден 02.03.2025 год, по полноќ од 01:30 до 02:00 часот, место на стопирање – Булевар во Струмица.
Собраќајна полиција запира возач- учесник во собраќај – Славе Ристов, вработен како главен кувар во ресторантот Шалом. Ресторант добро познат кој е сопсвеник баџото на Премиерот Христијан Мицковски – Јорданчо Јанев – ДАНО.
Возачот, алкохолизиран со 1.19 промили, истиот ке ги згазрл собраќајните полицајци. Ама нели важна зверка – кувар во Шалом, веднаш зе јавил на баџанакот Дано, човекот кој прави што дака во Струмица (добива сила од Мицковски).
Дано веднаш се јавил кај началникот на СВР-Струмица Дејан Ефтимов познат Деко.
Али срамот да биде голем: Дно на дното! Дано и Дејан веднаш со возило пристигнале и Дејан-Деко нервозен се хистеришел зошто превземале дејство против Куварот на Шалом??? А истиот бил сериозно пијан. Дано седел во возилото и следел како ке се одвива ситуацијата.
Типчињата не можеле да сфатат како е можно да се напише пријава за Куварот на Шалом???
Ништо не им значело што е бил во алкохолизирана состојба?
Така ли Мицковски ветуваше дека ке се бори со сите оние кои прават собраќајни криминали и останатиот криминал, кога неговите роднини учествуваат во прикривање на истите?
Колку роднини има Мицковски, толку ли не може да го смири Баџанакот Дано?
Што се крие во СВР- Струмица!Сите се револтирани, затоа што припадниците на собраќајната патрола утредетна со одлука на началникот Дејан Ефтимов – Деко се расподелени на пријавница и да ја чуваат куќата на поранешни функционери! Сите се преместени не затоа што го имаат повредено закнот не го затоа што не го слушаат баџанакот Дано. Во СВР Струмица се прашуваат дали началник е Дејан Ефтимов -Деко или баџанакот Јорданчо Јанев – Дано. Ја потикнуваме внатрешна контрола да го испита целиот настан.
„Група вработени во СВР Струмица.“