Француски „Лекип“ ја објави листата на најплатените фудбалери во Европа. Листата ја предводи ѕвезденото трио ПСЖ: Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси, а на високото четврто место е Еден Азар од Реал.
Реа во 2019 година го урна клупскиот рекорд, кога за Азар на Члеси му плати 115 милиони евра. За четири години, Азар успеа да одигра само 75 натпревари, на кои постигна само седум гола. Поради овие бројки за многумина Азар е најлошото засилување во историјата на Реал.
Азар, оваа сезона одигра само 133 минути во Примера. Неговата плата изнесува 27 милиони евра по сезона, што е многу помалку од Меси (40,5), Нејмар (44,1) и Мбапе (72), но и повеќе од попродуктивните и многу попрофитабилни играчи на списокот зад него.
Ерлинг Халанд е на 10. место на листата со годишна плата од 22 милиони евра. Се уште нема одиграно цела сезона, а претходниот дел го искористи за да постигне 51 гол на 44 одиграни натпревари.
Најплатените фудбалери во Европа:
1. Килијан Мбапе (ПСЖ) 72 милиони евра
2. Нејмар (ПСЖ) 44,1
3. Лионел Меси (ПСЖ) 40,5
4. Еден Азар (Реал Мадрид) 27
5. Роберт Левандовски (Барселона) 26
6. Садио Мане (Баерн) 24
7. Кевин Де Брујне (Манчестер Сити) 23,4
8. Серхио Бускетс (Барселона) 23
9. Давид Алаба (Реал Мадрид) 22,6
10. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) 22