Утрински Весник
Македонија

Започнува традиционалниот фестивал во Долно Лисиче – собраните средства ќе бидат донирани за повредените во Кочани

Fb img 1749044310302.jpg

И оваа година како по традиција во чест на празникот Св.Троица во Долно Лисиче ќе се одржи главната манифестација која и годинава ќе има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани на повредените во пожарот во Кочани.

Домаќини на фестивалските денови ќе бидат Долно Лисиче, Илинден и Аеродром.


Организаторите на манифестацијата ветуваат многу премиери на нови кореографии, Македонска музика до доцните вечерни часеви, ДиЏеј забава за помладите, зурли и тапани и прекрасна храна од Шеф Манка од Муровска Меана.

Покровители на фестивалот се Општина Аеродром, Општина Илинден, Министерството за култура и туризам, Храмот Света Троица од Долно Лисиче и уште дваесетина верни помагатели кои несебично 11 години по ред го помагаат организирањето на фестивалот.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните