Утрински Весник
Македонија

Започнува кампањата за информирање на граѓаните за Јавниот повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката 1

Zem Odelstvo.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството започнуваат кампања за информирање на потенцијалните корисници по однос на можностите кои ги нуди инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма.

Во рамки на кампањата, а по повод последниот објавен повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3) за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, ќе се одржат инфо-денови во повеќе градови, села и населени места, каде што заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги, задружни правни лица итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа програма.


На 20ти февруари 2025 година, инфо денови ќе се одржат во општина Новаци, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во општина Могила со почеток од 14:00 часот во салата на Oпштина Могила.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:

–        Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;

–        Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и

–        Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на

047/228-330 и 047/228-370.

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје