Утрински Весник
Балкан

Започна рушењето на облакодерот „Вјесник“ во Загреб

Screenshot 7 6 1024x705.avif.avif

Во Загреб стартува новата фаза од рушењето на поранешниот комплекс „Вјесник“, поранешен симбол на хрватската новинарска и издавачка индустрија, кој беше сериозно оштетен во катастрофален пожар на 17 ноември минатата година.

Облакодерот, висок 67 метри со 16 ката, се наоѓа на раскрсницата на Савска цеста и Славонска авенија. Изграден во 1972 година според проект на архитектот Антун Улрих, „Вјесник“ бил еден од најмодерните облакодери во Европа во тоа време. Зградата служела како седиште на весникот „Вјесник“ и ги сместувала редакциите, печатницата и канцеларискиот простор.


Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот информира дека на градилиштето во моментов се изведуваат работи за отстранување на северните конзоли до седмиот кат. Ова е неопходно за растоварување на конструкцијата и овозможување пристап на машините за започнување со демонтажата на самиот облакодер.

Процесот на рушење се спроведува под строг надзор и со примена на безбедносни протоколи, со цел минимизирање на ризикот и заштита на околината.

Можете да прочитате

Најмалку шест лица загинаа во судир меѓу миксер за бетон и минибус во Турција

Десет лица се приведени поради пукањето кај израелскиот конзулат во Истанбул

Вучиќ: Многу тешки времиња претстојат во Европа и светот, очекувам кризата да продолжи