Утрински Весник
Свет

Започна оддавањето почит на папата Бенедикт во Ватикан

Започна оддавањето почит на папата Бенедикт во Ватикан
Dik 300x250 mk

Илјадници луѓе денеска се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, да му оддадат почит на папата Бенедикт Шеснаесетти, кој почина во саботата.

dobivaj vesti na viber

Најмалку 25.000 луѓе се очекува да му оддадат почит на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело ќе биде изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар во следните три дена, почнувајќи од денеска.

Вратите на базиликата денеска ќе бидат отворени за јавноста од 9 до 19 часот, а во вторник и среда од 7 до 19 часот.

Погребот ќе се изврши на плоштадот Св. Петар во четврток наутро пред почесниот папа да биде погребан во гробот под базиликата, а богослужбата ја предводи папата Франциск.

Бенедикт Шеснаесетти почина во Ватикан на 96-годишна возраст, една деценија откако се пензионираше поради нарушено здравје.

Папата Бенедикт ја водеше Католичката црква помалку од осум години додека, во 2013 година, тој стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј XII во 1415 година.

Можете да прочитате

Воена вежба на руските стратешки нуклеарни сили

Зеленски ја поддржа идејата на Трамп да разговара со Москва врз основа на моменталната линија на фронтот

Во тешка несреќа со повеќе возила загинаа над 60 лица во Уганда (ВИДЕО)