Утрински Весник
Македонија

Започна аплицирањето за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Soopshtenie Scaled.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделските стопанства, дека во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Во наведениот период земјоделските стопанства можат да поднесуваат барања за:
– растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,
– сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, како и за
– органско земјоделско производство.

Земјоделските стопанства своите барања ги поднесуваат во електронскиот систем на АФПЗРР, а доколку имаат потреба од помош или поддршка можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Аплицирањето е преку линкот www.ipardpa.gov.mk  – Директни плаќања е-субвенции. Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства” достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

Можете да прочитате

ЗНАМ демантира дека децата биле „принудени“ да ја пејат песната за Максим Димитриевски која стана вирална за изборите

Алармантен раст на алергиите во Куманово: Како да ги препознаете симптомите и да избегнете компликации?

Министерство за правда: Протестот на студентите е обид за политичка манипулација и етничка реторика