Утрински Весник
Свет

Западнонилска треска во Израел – 4 лица починаа, заразени 48 луѓе

Uploads Thumbs Resize 800x420 442676.jpg

Израелското Министерство за здравство соопшти дека четири лица починале од последици на Западнонилска треска, а се сомнева дека таа е причина и за уште еден смртен случај.

Според Тајмс оф Израел, 48 лица се заразени со Западнонилска треска, од кои 36 се хоспитализирани, а пет се на респиратори. Околу 80 проценти од заразените немаат симптоми, додека околу 20 проценти ќе покажат различни симптоми, вклучувајќи треска, замор, главоболка или болки во телото.

Помалку од еден процент од заразените имаат невролошки компликации. „Вирусот не се пренесува од човек на човек“, нагласува Министерството за здравство на Израел.

Можете да прочитате

Путин им наложи на приватните центри за податоци да издвојат 10 проценти од капацитетот за руската ИТ-инфраструктура

Клиентите на Бајнанс повлекле 3,64 милијарди долари откако платформата продолжи со работа

Во Мексико од денеска забрането користењето мобилни телефони во училниците