Спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто изјави дека е задоволен од трансферот на италијанскиот интернационалец Никола Заниоло во Галатасарај.
Заниоло во зимскиот преоден побара да замине од клубот. Имаше желба да се пресели во Милан, но клубот од „Сан Сиро“ не можеше да ги исполни финансиските барања на Рома.
Рома ја прифати понудата на Борнмут, но Заниоло одби да замине во Премиер лигата. Кога се чинеше дека Заниоло ќе остане во Рим, пристигна понудата од Турција.
Турскиот клуб на Рома и плати 16,5 милиони евра, а за Заниоло се очекува преку бонуси римскиот клуб да добие околу 13 милиони евра.
„Мислеше дека е толку добар и дека може да ја добие платата што ја сака. И тогаш само Борнмаут и Галатасарај дојдоа со понуди. Се чини дека има уште нешто и до фудбалерот. На крајот, задоволен сум како се заврши , иако секако дека можевме да поминеме и подобро“, рече Пинто.
Заниоло во Галатасарај ќе има годишна плата од 3,5 милиони евра.