Утрински Весник
Спорт

Занети: Лукаку не предаде, длабоко сме разочарани

Занети: Лукаку не предаде, длабоко сме разочарани

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети бил разочаран од одлуката на Ромалу Лукаку да започне преговори со Јувентус. Белгиецот беше член на Интер од 2019 до 2021 година, а минатата сезона ја мина на „Џузепе Меаца“ како позајмен играч на Челси.

dobivaj vesti na viber

Интер имаше намера да преговара со Челси за да го откупи договорот на Лукаку, но тој ги шокираше со изјавата дека води преговори со нивниот најголем ривал, Јувантус.

„Лукаку не предаде, разочарани сме. Очекувавме дека Ромелу, како човек и професионалец, ќе има поинаков однос“, изјави Занети за „Газета дело спорт“.

Италијанските медиуми потсетуваат дека Белгиецот претходно изјави дека никогаш нема да игра за Јувентус, откако минатата сезона навивачите на торинскиот клуб го навредуваа на расна основа.

Лукаку наводно договорил тригодишен договор со Јувентус, но се чека договор меѓу клубовите. Јувентус сака да го испрати српскиот фудбалер Душан Влаховиќ во Челзи во замена за Лукаку, но од лондонскиот клуб бараат и 40 милиони евра.

Лукаку (30) минатата сезона за Интер одигра 37 натпревари и постигна 14 голови.

Можете да прочитате

Почина легендарниот италијански тенисер Пјетрањели

Убедлив старт на Македонија: Грозданова и соиграчките со нови три бода

ФФМ се разделува со Благоја Милевски, Седлоски најсериозен кандидат