Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Замрзнати цените на огревното дрво и пелетите

Замрзнати цените на огревното дрво и пелетите
300x250 opst2

Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисоки цени во трговијата на мало на огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев.

dobivaj vesti na viber

Согласно одлуката, највисоката цена на огревното дрво се утврдува во висина до 4.500 денари за метар просторен (МПР) односно до 6.429 денари за метар кубен (м3).

Највисоката цена на пелетите за огрев се утврдува во висина до 27 денари за еден килограм. Во цената на стоките е вклучен ДДВ и транспорт.

Највисоките цени на стоките од оваа одлука ќе се применуваат до 31 декември 2022 година.

Во исто време, Владата донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало со која што беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10%.

„Владата континуирано спроведува мерки за ублажување на последиците од светската енергетска криза, се грижиме за сите да има греење оваа зима, затоа ги замрзнавме цените на огревното дрво и пелетите. Заштита на стандардот на граѓаните е меѓу владините приоритети“, велат од владината прес-служба.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97% од нив добија само 1.000 денари

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање