Утрински Весник
Свет

Заменик на шериф од Флорида случајно пукал и убил колега

Заменик на шериф од Флорида случајно пукал и убил колега

Заменик на шерифот во округот Бревард, Флорида, по грешка пукал и го убил својот колега, исто така заменик на шерифот.

dobivaj vesti na viber

Шерифот Ејви во видеото објавено на социјалните мрежи рече дека Ендрју Лосон (23) е обвинет за убиство од небрежност, пренесе АП.

Тој потврди дека вториот заменик Остин Волш (23) починал на местото на настанот рано наутро во саботата во својот стан во Палм Беј.

Инцидентот се случил кога двајца заменици на шерифот направиле пауза од играње онлајн-игра и додека стоеле и разговарале, Лосон извадил пиштол за кој верувал дека е испразнет и на шега го вперил во Волш пукајќи и убивајќи го, рече шерифот, пренесе „Блиц.рс“.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот