Утрински Весник
Македонија

Заложбите од Хелсинки – патоказ за родова еднаквост во Парламентите во Регионот на ОБСЕ

Image 2025 07 21 173245129.png

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите одржа работна средба со Душко Тодороски, претставник од Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Како што информираат од Собранието, тема на средбата биле заложбите од Хелсинки за родово сензитивни парламенти во регионот на ОБСЕ.


Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, се заблагодарила за поддршката на ОБСЕ и информирала дека заложбите произлегуваат од јунската работилница во Хелсинки, Финска, за „Остварување на родовата еднаквост во и преку парламентите“, каде учество зедоа 16 парламенти и експерти од целиот свет.

Душко Тодороски истакна дека во изминатите 30 години има голем напредок во унапредувањето на родовата еднаквост во рамките на Парламентите, кога земјите-членки во ОБСЕ тројно ја зголемија просечната застапеност на жени пратенички, достигнувајќи 31,6%. Сепак, остануваат многубројни предизвици, и токму затоа се упатува апел за обновена заложба кон глобалната агенда за родово сензитивни парламенти и кон родова рамноправност, како трајна норма и принцип на владеење. Во таа насока се препорачуваат 12 мерки, како патоказ за националните парламенти во регионот на ОБСЕ.

Тодороски информира дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје во овој период работела и на две други области во рамките на Собранието, и тоа: зајакнување на административната структура во делот еднакви можности во насока на посилна поддршка од службата за пратеничките и на донесување нов кодекс за етичко однесување на пратениците, со воведување мерки за регулирање еднакви можности во насока на превенција од насилство на жените во политиката.

Пратеничките упатија благодарност до ОБСЕ како континуиран партнер во заложбите за еднаквост на жените и мажите, со намери за попрогресивна и поплодна соработка во иднина на ова поле, со цел жената да не биде само број, туку и одлучувачки фактор, да се стави на пиедесталот кој го заслужува.

Можете да прочитате

Македонци останаа на аеродром во Истанбул за Скопје – без лет, без храна, без сместување

Македонски државјанин се удави во Албанија

Таравари објави документ со негативно мислење за вработувањата во тетовската болница