Утрински Весник
Македонија

Заледен автопат кај Миравци – товарните возила пренасочени на стар пат

Img 1250.gif

Од АМСМ известуваат дека од 08:50 часот, поради заледеност на коловозот на автопатот „Пријателство“ кај селото Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

Претходно беа воведени забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини на следните патни правци:


• Крива Паланка – граничен премин Деве Баир,

• Гостивар – Маврово – Дебар,

• Гостивар – Стража – Кичево,

• Планинските превои Пресека и Плетвар.

АМСМ апелира до сите возачи да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни при управување со возилата. Ова важи посебно за патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.

Особено ризични делници се:

• Катланово – Велес,

• Маврово – Дебар – Струга,

• Виница – Берово,

• Кочани – Делчево.

Возачите се советуваат да бидат подготвени за зимски услови и да ја проверат состојбата на патиштата пред патување.

Можете да прочитате

Николоски: Македонија ќе добие најдолга рочност за враќање на парите од британскиот заем

Прекината седницата на Советот на Град Скопје на која се очекуваше да се расправа за дивоградбите во Чаир

Како да добиете до 10.000 евра за вработување или почнување на бизнис, објаснети детали од Влада