Утрински Весник
Македонија

Заладување на времето во Македонија, ќе врне и дожд и снег

Meteoalarm.mk 58.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Влијанието на циклонската активност над нашиот дел од Европскиот Континент продолжува  и во почетокот на новата седмица но со тоа што на ден понеделник 9 февруари 2026 од север кон Македонија ќе се спушта поладен воздух кој ќе предизвика да имаме заладување  и пад на температурите на воздухот кои преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје температурата ќе се искачи до околу 6/7 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

На повеќе места влијанието на овој циклон ќе услови да имаме нови повремени врнежи од дожд а на повисоките места над 1000 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег а на планините  и на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег. Вечерта во понеделник 9 февруари 2026 како и ноќта кон вторник 10 февруари 2026 снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина па така послаби врнежи од снег можно е да имаме  и во делови од повисоките населени места во Македонија особено во северните  и во североисточните предели од Македонија.

Локално пак особено во јужните  и во југоисточните предели ќе наврнат нови над 15 литри дожд на метар квадратен.

Можете да прочитате

Енергетско партнерство што отвора врати: Македонија и Австрија ги поврзуваат студентите, науката и индустријата

Почнува кампањата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас”

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта