Утрински Весник
Македонија

Законот за регистрација на здруженија ќе биде разгледан за време на скринингот, вели Ковачевски

(Видео) Ковачевски: Со новиот модел за субвенции го зголемуваме домашното производство на храна
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Без разлика на испраќањето на Законот за регистрација на здруженија во Венециската комисија, овој закон ќе биде разгледан за време на билатералниот скрининг со ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Димитар Ковачевски нема проблем што законот ќе се испрати во комисијата, но лично смета дека тој закон нема недоречености.

„Ние законот за здружение на граѓани го имаме донесено во Собранието, сите закони ќе бидат разгледани во процесот скринигот на билатерален со ЕУ без разлика на Венециската комисија. Сите закони ќе се разгледаат и потоа ќе претрпат усогласувања. Јас сметам дека тој закон нема недоречености во него затоа што алудира на чувствата на нашите граѓани кои се однесуваат на имиња од Втората светска војна, дека треба да бидат зачувани при отворањето на било какви организации, а јас би го проширил дури и на трговски друштва.

Јас сум на став да земеме пример од германското законодавство за да се решат овие проблеми“ – рече Ковачевски.

Орце Костов

Можете да прочитате

Густа магла на повеќе патни правци

МЕПСО го рестартира стратешкиот проект за 400 kV интерконекција Битола – Елбасан

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години