Утрински Весник
Македонија

Законот за пушење се одложува

Istockphoto 482284870 170667a.jpg

Законот за заштита од пушење најверојатно нема да стапи на сила од 1 март. Неговата имплементација ќе биде во фази, почнувајќи со едукација и опомени, а казните ќе следуваат подоцна. Ова го потврди државниот советник во Министерството за здравство, Никола Грпчевски, во емисијата Бизнис 21, додавајќи дека се уште траат разговорите со сите засегнати страни.

„Не би го нарекол ретерирање, туку фазна имплементација во дијалог со јавноста и бизнис заедницата. Почетокот ќе значи опомени и едукација“, рече Грбчевски.

Времетраењето на фазите допрва ќе се утврдува. Грпчевски истакна дека оперативната работна група ќе донесе одлука дали тие ќе траат 3, 6 или 8 месеци.

Угостителите го поддржуваат законот, но побарале целосната имплементација да се одвива три години, за да се избегне негативно влијание врз бизнисот, затворање на објекти и отпуштање работници. Според нив, законот е еден од најригорозните, инспириран од модели во Шпанија и Словенија, каде стапката на пушачи е 15-18%, во споредба со 60-65% во Македонија.

Можете да прочитате

Висок водостој на Вардар, Треска и Црна

ЦУК регистрира свлечишта и низа поплавени куќи, подруми и дворови низ цела држава

Кризна состојба во Кичево од поплавите – општината бара помош од Армијата и приватни компании