Утрински Весник
Македонија

Законите не се засноваат на поединечни случаи, вели Џафери во врска со случајот на Леонид Индов

D19fd0b0d184d0b5d180d0b8 D0b3d0be D187d0b5d181d182d0b8d182d0b0 D0bfd180d0b0d0b7d0bdd0b8d0bad0bed182 D0b1d0bed0b3d0bed198d0b0d0b2d0bb 63ca6e628ccfd.png

Не може да има законски измени и решенија заради одредени случаи. Работата на законите не се заснова на поединечни случаи. Законите се општи правила што треба да важат и што ја даваат можноста консензуално да се процени и оцени кој пациент каде треба да оди во странство, доколку нема предуслови лекувањето да се третира во земјава, рече денеска техничкиот премиер Талат Џафери прашан дали би се иницирале законски измени поради случајот со Леонид Индов.

– Тоа е општ акт за секој граѓанин. Не може од случај до случај да имате законски решенија затоа што тоа не би било закон, туку би било хаос, така што тоа не е причината, туку тоа што некој не ги врши своите работи, рече Џафери.

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева, денеска прашана за овој случај рече дека родителите на Леонид не побарале мислење дали неговата рехабилитација може да се изврши во некоја од нашите установи.

– Треба да се испочитува здравствениот систем што го имаме, сите можности тука да се исцрпат, па дури потоа нашите пациенти да бидат упатени на лекување во странство. Секако, треба да се разгледа и оваа опција и да се предложи до Собранието некаква измена, односно откако ќе бидат исцрпени можностите во државава за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување во странство и за рехабилитација и надвор од земјава, рече Манолева.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот