Утрински Весник
Магазин

Закербег и сопругата продадоа една од куќите во Сан Франциско

Закербег и сопругата продадоа една од куќите во Сан Франциско

Марк Закерберг и Присила Чен продадоа една од нивните куќи во Сан Франциско за 31 милион долари во договор надвор од пазарот, потврди портпаролот на семејството. Договорот ја означува најскапата зделка во Сан Франциско досега оваа година, според „Зилоу“.

dobivaj vesti na viber

Изградена во 1928 година, хациендата од 7.386 квадратни метри има четири спални соби и четири бањи, а се наоѓа на границата на квартот Мишн Дистрикт и паркот „Долорес хајтс“.

Продажбата била финализирана на 1 јули, но записите за трансакцијата дури сега станаа достапни за јавноста.

Коосновачот на „Фејсбук“, а сега извршен директор на платформата „Мета“ (38) и неговата сопруга (37) за истата куќа во ноември 2012 платиле приближно 10 милиони долари.

Продажбата била извршена преку „СФРП“, компанија со ограничена одговорност со седиште во Калифорнија, според евиденцијата на „Проперти шарк“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста