Утрински Весник
Македонија

Заканите и физичките напади врз новинарите мора да бидат санкционирани со закон, вели Лога

Лога стави потпис: Жените во затворот „Идризово“ ќе ги имаат правата како мажите

Хорор и варварски чин е  денешниот напад врз тимот на новинари и снимател на телевизија Алсат. Ова го посочи министерот за правда Кренар Лога каде вработени на телевизијата беа нападнати од страна на сопственик на берберница во скопската чаршија.

dobivaj vesti na viber

„Хорор и варварски чин го претставува денешниот напад врз тимот на новинари и снимател на телевизија Алсат. Ваквите настани се неподносливи во демократските општества. Слободниот говор и слободата на медиумите се загарантирани со Уставот и меѓународните конвенции, додека заканите и физичките напади врз новинарите мора да бидат санкционирани со закон и правосудни органи. Осудата на овој чин треба да обезбеди не само правда за конкретниот случај, туку и порака до сите дека во иднина никој не смее да ја навредува работата на новинарите. Остануваме во целосна поддршка на тимот кој денеска се соочи со овој неприфатлив чин, како и на сите новинари и медиумски работници да си ја обезбедат слободата на работа, како еден од централните столбови на нашата општа слобода“, посочи Лога во објава на Фејсбук.

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Е. (53) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б.Ј. (39) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, дека, додека денеска заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон