Утрински Весник
Свет

Заканата од Кина за Гренланд е мит, вели Пекинг

China Flag.jpg

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска изјави дека т.н. закана од Кина не постои, како одговор на соопштението на НАТО дека преговорите со САД за Гренланд имаат цел да обезбедат Русија и Кина никогаш да немаат пристап до арктичкиот остров.

„Кина се спротивставува на практиката да се прави нешто од ништо и да се користи Кина како изговор за себична добивка“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун, на прес-конференција, очигледно осврнувајќи се на намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да воспостави контрола врз Гренланд.

„Ни треба Гренланд за нашата национална безбедност. Ако го погледнете Гренланд, ќе видите руски и кинески бродови по должината на брегот. Ни треба за национална безбедност. Мора да го имаме“, рече Трамп кон крајот на минатата година.

Можете да прочитате

Нова железничка несреќа во Шпанија

Неколку лица се водат како исчезнати во свлечишта и поплави низ Нов Зеланд

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство