Утрински Весник
Свет

Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија

Zaharova.webp.webp

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Западот е директно и индиректно вмешан во украинските „терористички напади“ врз цивилни цели на територијата на Русија.

Руската Истражна комисија обвини дека Украина извршила „терористички акти“ со разнесување на два железнички моста во Русија за време на викендот. При експлозија на железнички мост над патнички воз во Брјанск, загинаа најмалку седум лица, а десетици беа повредени, меѓу кои и две деца.


На прашање дали Русија смета дека Западот е вмешан во последните напади, Захарова рече дека Западот обезбедува оружје, доставува координати на цели, одбива да ги осуди нападите и активно ги поттикнува.

– Тоа се само неколку елементи кои ја потврдуваат вмешаноста, директна и индиректна, и вината на Западот за терористичките напади извршени врз цивили и цивилна инфраструктура од страна на режимот во Киев, изјави Захарова.

Украина досега не ги коментираше нападите врз мостовите, а медиумите известија дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил однапред информиран за нападите со дронови врз аеродроми со стратешки бомбардери.

Захарова додаде дека Русија ќе преземе реципрочни мерки против германски новинари, откако Германија одбила да го продолжи престојот на новинар од руска државна медиумска куќа.

Можете да прочитате

Авион на Рајанер принудно слета во Германија поради бура, деветмина повредени

Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија

Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО