Утрински Весник
Свет

Захарова: Украинците ги отстрануваат органите на војниците и ги продаваат на црниот пазар

Захарова: Русија никогаш не одбила да преговара

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, тврди дека Украинците ги отстрануваат човечките органи од живите и мртвите војници на бојното поле, а потоа ги продаваат на црниот пазар. Таа изјави дека клиенти се земјите од НАТО и ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Киев не ги коментираше споменатите обвинувања. Досега, ниту едно независно, почитувано меѓународно тело не презентирало докази што би укажале на тоа дека тезите на Захарова се вистинити.

„Одамна е познато дека Украина стана еден од светските лидери во трансплантации на црниот пазар“, напиша Захарова на „Телеграм“, пренесува „Скај њуз“.

Таа нагласи дека Украинците незаконски ваделе органи од мртви тела од крајот на 1990-тите, така што тие ја започнале оваа практика неколку години по распадот на Советскиот Сојуз. Таа додаде дека ситуацијата дополнително се влошила од 2014 година, кога беше соборен претседателот ориентиран кон Кремљ.

„Постојат докази дека во јуни 2023 година претставници на Министерството за здравство на една од земјите на НАТО се договориле со украинската страна да испорачаат човечки органи, кои најчесто се користат во трансплантологијата“, рече таа.

Ова не е првпат Захарова јавно да шпекулира за продажба на органи на црниот пазар. Во мај таа ја обвини Украина, а во февруари Молдавија.

Можете да прочитате

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола