Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Захарова: Русија со години правеше се за да спречи насилно сценарио во Украина

Захарова: Русија со години правеше се за да спречи насилно сценарио во Украина
300x250 opst2

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека Русија направила се за да спречи насилно сценарио во Украина, пишува новинската агенција ТАСС.

dobivaj vesti na viber

„Долги години правевме се за да спречиме влошување на ситуацијата во Украина и да избегнеме насилно сценарио“ – рече Захарова.

Таа вели дека договорите од Минск биле можност за Киев, но дека украинските власти од самиот почеток немале намера да го спроведат тој план.

„Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Алексеј Данилов претходно оваа недела даде изјава дека режимот во Киев никогаш немал планови за спроведување на договорот од Минск“, рече Захарова, пренесува ТАСС.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот