Утрински Весник
Свет

Захарова: Русија никогаш не одбила да преговара

Захарова: Русија никогаш не одбила да преговара

Русија никогаш не одбила да преговара со Украина и подготвена е да води преговори поради итноста на ситуацијата, изјави денеска Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

На брифингот со новинарите Захарова го критикува Берлин дека ѝ испорачува оружје на Украина наместо да влијае врз Киев да почне преговори со Русија, пренесе ТАСС.

„Наместо да го искористи своето влијание врз властите во Киев за почеток на преговорите, Германија, спротивно на нејзините закони и прописи, кои забрануваат извоз на оружје во кризните региони и во зоните на вооружени конфликти, продолжува да ја снабдува Украина со вооружени системи, што само ги зголемува непријателствата“, истакна Захарова.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада