Утрински Весник
Свет

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија

Zaharova.webp.webp

Бомбардирањето на иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија и другите земји со пристап до Каспиското Море, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„На 18 март беше бомбардирано иранското пристаниште Бандар-е Анзали на Каспиското Море. Најголемото пристаниште на Каспиското Море е важен трговски и логистички центар кој активно се користи за обезбедување на руско-иранската трговија, вклучително и со прехранбени производи. Економските интереси на Русија и другите земји од Каспиското Море, кои одржуваат транспортна врска со Иран преку ова пристаниште, се засегнати“, рече Захарова.


Каспиското Море, посочи таа, отсекогаш било перцепирано од земјите од регионот и меѓународната заедница како безбеден простор на мир и соработка.

„Несовесните и неодговорни постапки на агресорите создаваат закана од вклучување на земјите од Каспиското Море во воен конфликт“, додаде Захарова.

Можете да прочитате

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

Патријархот на Украинската православна црква, Филарет почина на 97 години

САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина