Утрински Весник
Свет

Захарова: Москва не доби предлог за преговори во Турција

Захарова: Москва не доби предлог за преговори во Турција

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова денеска изјави дека Москва не добила конкретни предлози преку дипломатски канали за разговори во Турција меѓу Русија и Западот.

dobivaj vesti na viber

„Во овој момент, додека се подготвував за брифингот, Русија не доби никакви конкретни предлози преку дипломатски канали за разговори меѓу Москва, Берлин, Вашингтон, Лондон и Париз во Турција“, рече Захарова, пренесува Тасс.

Рускиот претседател Владимир Путин во четврток ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да разговара за Украина и билатерални прашања.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада