Утрински Весник
Свет

Захарова: Европскиот парламент е спонзор на идиотизмот

Захарова: Европскиот парламент е спонзор на идиотизмот

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја резолуцијата на Европскиот парламент за прогласување на Русија за државен спонзор на тероризмот, предложи ЕП да се прогласи за спонзор на идиотизмот.

dobivaj vesti na viber

Европскиот парламент денеска усвои необврзувачка резолуција, со која Русија ја прогласува за државен спонзор на тероризмот поради воената операција во Украина, произлегува од резултатите од гласањето на пленарната седница во Стразбур.

Во моментот Европската Унија нема никаква правна рамка за класификација на земјите како државни спонзори на тероризмот.

Претходно, Парламентарното собрание на НАТО објави документ во кој се препорачува земјите членки на алијансата да ја прогласат Русија за терористички режим, пренесе „Новости.рс“.

Можете да прочитате

Над 700 луѓе загинаа во израелските напади низ Либан

Tрамп најави нови напади во Иран следната недела

Единствената фабрика за вештачки ѓубрива во Романија се затвора