Утрински Весник
Свет

Захарова: Јапонија тргна по патот на невидено зајакнување на воената моќ

Захарова: Јапонија тргна по патот на невидено зајакнување на воената моќ

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска оцени дека Јапонија тргнала на патот на невидено зајакнување на својата воена моќ, вклучително и стекнување на напаѓачки потенцијал.

dobivaj vesti na viber

На овој начин Захарова реагирала на одбранбениот план вреден 320 милијарди долари што минатата недела го објави јапонскиот премиер Фумио Кишида, пренесе Ројтерс.

Како што рече таа, планот го покажува отвореното отфрлање на администрацијата на Кишида на мирниот развој на земјата и враќањето „на патот на нескротливата милитаризација што неизбежно ќе предизвика нови безбедносни предизвици и ќе доведе до зголемени тензии во азиско-пацифичкиот регион“, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Путин: Откривме над 40 нови наоѓалишта на нафта во Русија

Напад со беспилотно летало врз нафтен комплекс во Кувајт, нападнато е и министерството

Американците го спасија вториот пилот на соборениот Ф-15