Утрински Весник
Спорт

Захариевски: Ова беше фантастичен циклус за Струга Трим Лум

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струга Трим Лум ја оствари и осмата победа од стартот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига совладувајќи го Тиквеш со 2:0 на домашен терен. Тимот на Срѓан Захариевски оди на пауза со фантастични 24 бода, максимален ефект по осумте одиграни натпревари во шампионатот.

dobivaj vesti na viber

„Победивме еден многу квалитетен тим. Многу тежок натпревар, во кој победата ни беше императив за да го заокружиме на најдобар начин овој циклус. Во таков натпревар правевме и доста грешки, но сепак дојдовме до победата над еден навистина незгоден противник”, изјави Захариевски.

Сега следи пауза поради настапите на репрезентацијата, а потоа Струга Трим Лум во деветтото коло ќе и гостува на Македонија ЃП.

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја